Околу 256 демонстранти низ цела Русија се притворени поради протестите во повеќе градови, на кои се повикуваше на бојкот на претседателските избори на 18-ти март.
Според Москва-тајмс митинзи се одржале во околу 100 градови низ Русија.
-Тие маршираа во Владивосток, на рускиот Далечен Исток и маршираа во Иркутск во Сибир. Тие маршираа за фер и слободни избори, и за крај на скоро две децении на претседателот Владимир Путин, објави медиумот.
Меѓу уапсените е и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, истакнат критичар на Путин, откако претходно беше дисквалификуван од трката за претседател, поради обвинението за учество на демонстрациите на плоштадот Пушкин во Москва.
Адвокатот на Навални изјави за новинарите дека тој накусо по приведувањето,бил ослободен без обвинение, но ќе мора да се појави на суд подоцна. Претходно полицијата изврши рација во канцеларијата на лидерот на опозицијата во Москва.
Според официјалните анкета објавена во јуни, 87 проценти од анкетираните Руси изразија извесна или голема доверба во справувањето со меѓународните односи на Путин, додека 55 отсто ј одобруваат неговата економска политика.




