Published: Monday, January 29, 2018 21:40
Заменик-директорот на ФБИ Ендрју Мекејб заминува од функцијата по итна постапка, јави Ен-Би-Си.
Неговото заминување во пензија се случува неколку недели пред предвидениото. Телевизијата Ен-Би-Си цитира извори блиски до Мекејб тврдат дека неговиот потег се случува по критиките од републиканците и претседателот на САД Доналд Трамп за негова наводна политичка пристрасност.
Мекејб требаше да се пензионира во средината на март 2018 година, а намерата за тоа ја соопшти во декември.




