Мерните станици на Министерството за животна средина поставени во повеќе градови и на повеќе локации во градовите вечерва покажуваат високо и многу високо ниво на загаденост пред се со ПМ1о честички, чие присуство е речиси 10 пати над нормалното.
Во Скопје, со црвена точка на мерната листа се означени локациите Ректорат, Карпош и Гази Баба, како и во Битола, што укажува на многу високо ниво на загаденост. Високо ниво на загаденост има во Центар, Лисиче и Миладиновци, Кичево и Тетово, додека високо во Куманово, Кочани и едно мерно место во Битола.
Од денеска во Скопје на сила се итните мерки што Градот ги презема за намалување на загаденоста.