Published: Wednesday, January 31, 2018 19:21
Воз, со кој се превезуваа членови на американскиот Конгрес од Вашингтон кон нивниот законодавен дом во Западна Вирџинија удри во камион, јави Си-Ен-Ен.
Во возот се наоѓал и претседателот на Конгресот Пол Рајан, како и членови на семејствата на конгресмените.
Републиканскиот конгресмен Џон Фасо, кој беше во возот, изјави дека го видел камионот кој превезувал ѓубре со кој се судри возот и дополни дека ако има повредени, веројатно се луѓе од камионот.
– Не знам со сигурност, тоа е долг воз. Но, најголемата загриженост останува за луѓето надвор, истакна конгресменот.




