ВИДЕО: Фостер заедно со други прославени архитекти се согласил да се се натпреварува за Националниот музеј во Андора
Славниот британски архитект Лорд Норман Фостер поднесе оставка од предложенoто проширување на Пушкин Музејот за ликовна уметност во Москва.
Во соопштението објавено во четвртокот, Foster + Partners тврдат дека формално поднесената оставка од проектот е повеќе од два месеци.
Во 2009 година, руската влада ги одобри плановите на Фостер и се согласија на сума од $ 650 милиони да се модернизира и прошири музејот.
Но проектот имаше застој.
Кавгата помеѓу функционерите и конзерваторите избувна поради загриженоста дека проширувањето нема да биде завршен од страна на закажаниот датум на 2018 година.
По состанокот на архитектонски одбор на Москва претходно оваа недела, главниот архитект на градот, Сергеј Кузнецов, изјави за локалните новинари дека тој бил загрижен од оддалечувањето на Лорд Фостер од проектот.
“Или Норман Фостер мора да работи на проектот и да го брани тоа лице-в-лице, лично … или мора да го одбиеме овој проект”, изјави Кузнецов на новинарите, според извештаи на медиумите.
Фирмата на Фостер пак, соопшти став дека “Foster + Partners ја презеде оваа акција, бидејќи музејот, за последните три години, не не вклучи во развојот на проектот, кој се спроведува од страна на другите, и покрај бројните обиди да продолжиме да работиме со музејот “.
Во јули, Ирина Антонова – движечка сила за да се обезбеди вклучување на Лорд Фостер во проектот – се повлече од позицијата на директор на Пушкин Музејот, откако го предводеше Музејот повеќе од 52 години.
Извор: Би-Би-Си.
ФОТО: Прославената архитектура на Форман:
St. Mary Axe- Лондон
8 Canada Square- Лондон
Тorre Caja, Мадрид
Hearst Towe, NYC