– Европската иницијатива за борба против фрлањето храна има поддршка од повеќе од еден милион луѓе, соопшти интернет сајтот change.org, каде што е објавена иницијативата.
Во текстот се наведува дека супермаркетите во сите земји-членки на ЕУ треба да бидат обврзани да донираат непродадена храна на добротворните организации наместо да ја фрлаат или уништуваат, како што е случај во Франција, според закон донесен пред две години.
– Во изминативе две години од новиот закон во Франција, бројот на јадења што ги доделуваат добротворните организации на гладни луѓе се зголеми за 22 отсто, рече Жонвиев Вилс, претседателка на францускиот оддел во Светската програма за храна при Обединетите нации, одговорна за безбедноста на храната.
Иницијативата е испратена во Франција, Грција, Шпанија, Германија, Белгија, Италија и Велика Британија.




