Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што испушти да каже министерот Филипче

1
By Менче Атанасова Точи on February 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 5, 2018 17:20

Министерот за здравство Венко Филипче излезе со сет на мерки за намалување на смртноста на новороденчињата. И тоа е добро. Тоа е приоритет бидејќи со години Македонија е прва на листата по смртност на бебиња со црна статистика која е повеќе од двојно поголема од европскиот просек.   Филипче не кажа детали како сето тоа ќе се направи, но штом ги најави мерките на голема врата,  најверојатно одлучен е во намерата да се стави крај на агонија во која ги губиме  најмалите.

Но, во презентацијата на целиот тој сет на мерки, акцентот го стави на жените и  вината за предвремените породувања и инфекциите ја фрли токму на нив, идните мајки. Министерот намерно или не испушти да ги спомне матичните гинеколози. Тоа се лекарите кои се во прва линија на фронтот и во нивни раце, нивна е одговорноста, жената на свет да донесе здраво бебе.

Филипче исто така намерно или не заборави да го образложи влијанието на бактериите кои виреат во болниците и чиј процент е многу висок. На ГАК до пред некој месец поради недостиг на инкубатори и малата интензивна нега  во еден инкубатор се ставаа по две бебиња. И еве размена на бактерии. Ќе преживее тоа бебе чиј организам ќе успее да се избори и таа мајка ќе има среќа. Во исто време со овој сет на мерки треба борба и со интерхоспиталните(болничките ) бактерии кои одземаат животи. Иако верувам дека го имаат предвид и овој факт, треба да се засукаат ракавите. Борбата е на повеќе фронтови.

Министерот Филипче заборави да ги каже и условите во родилните сали во другите градови, таму каде што ги има, се разбира.  Зашто во 21 век жените во помалите градови немаат пристап до родилишта. Тие се затворени пред повеќе години зашто не биле рентабилни, носеле загуби. Родилиште не може да работи рентабилно. Таму се раѓаат нови животи, а каде што доаѓа нов живот треба да му се отворат вратите, не да се затворат. Па, нека се и пет раѓања во годината!

Но, што е со ризикот од породување по пат до најблискиот град? А, тоа што нема анестезиолози или гинеколози таму?

Да се вратам кај матичните гинеколози. Можеби има трудници кои не посетувале матичен гинеколог иако во денешно време тие се помалку. Екстремни случаи, се разбира има секаде. Но, секоја жена дури и во најмногу оддалеченото село е свесна за важноста од следење на бременоста. Ако не е,  треба едукација. И за тоа повторно не се виновни жените. Државата треба да работи на тоа. Има механизми.

И да поентирам. Има жени кои навистина немаат пристап до матичен гинеколог и тоа не е нивна вина. Тука потфрлил здравствениот систем. Нема соодветна дистрибуција на гинеколози, односно тие не се распоредени максимално секаде во државата.

Но, она што е најважно, а што испушти да каже министерот Филипче е дали матичните гинеколози, тие 14 0 и нешто кои постојат во државата ќе бидат ставени на тапет за тоа какви се случаи праќаат на ГАК. Ќе се води ли контрола на работата на матичните гинеколози?Како ја следат бременоста?  Одат ли на конгреси, на обуки? Медицината оди напред!

Ова го кажувам затоа што не е првпат ние новинарите да слушнеме од  лекари од Клиниката за гинекологија, за тоа какви се случаи им праќаат матичните гинеколози.  На оваа клиника се жалат на запуштени случаи , на трудници кои доаѓаат со инфекции кои допринесуваат во предвремените породувања и  играат улога во процентот на смртност. Иако,  ова не е единствениот фактор за зголемената смртност на новороденчиња.

До кога ќе се толерираат матичните гинеколози кои има ги наплаќаат прегледите на ЕХО на трудниците и другите здравствени услуги кои с е бесплатни? И не само што со тоа што ги  кршат законите за здравствена заштита и за осигурување, тука и не издаваат фискална сметка. Зошто некој што работи по прописи има потреба да не издава фискална сметка?  Дали тие исти гинеколози бараат фискални во маркетите? До кога ќе се правдаат дека им требаат пари за да си го отплатат ехото кое го набавиле сами, а контролите на ФЗОМ не им можат ништо.

Време е да се стави ред на работите во здравството. Од нешто тргнавме. Филипче само треба да го следи патот по кој оди бремената жена. До виновникот лесно ќе се дојде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.