Еден маж денеска бил застрелан, а потоа и уапсен, откако се обиде да влезе во канцелариите на Претседателот на Иран, објавија ирански новински агенции.
Новинската агенција Тасни објави дека тој носел оружје и бела наметка, поради што полицијата претпоставила дека се работи за самоубиец.
-Напаѓачот е уапсен и хоспитализиран. Се обидуваме да го идентификуваме и да го дознаеме неговиот мотив, изјави заменик-гувернерот на Техеран, Мохсен Хамедани, цитиран од новинската агенција Фарс.
Нема информации дека претседателот Хасан Рухани бил во зградата за времето на инцидентот.
Новинската агенција Мехр објави дека напаѓачот (35) бил застрелан во нога кога се обидувал да ја помине безбедносната врата на претседателската канцеларија во центарот на Техеран. Ова област е под силно обезбедување, поради тоа што голем број на владини институции се наоѓаат таму.
Иранските медиуми не објавија никакви детали за мотивот за инцидентот, но се претпоставува дека е поврзан со лично незадоволство од законите кои ги штитат финансиските институции, на штета на граѓаните. Многу Иранци кои ги загубиле своите заштеди по инвестициите во нелиценцираните кредитни и финансиски институции, си ги бараат парите назад.
Во 2016 година, 30-годишен рудар, кој со месеци не добил плата сакал да се запали пред претседателската зграда.
Иранците се револтирани од бавното темпо на економско заздравување, тврдејќи дека се затвораат работни места се изгубени, а цените растат и покрај договорот од 2015 година.
Според Статистичкиот центар на Иран, невработеноста во оваа фискална година изнесуваше 12,4 отсто, што е за 1,4 отсто повеќе од претходната година. Околу 3,2 милиони Иранци се без работа, од вкупно 80 милиони жители.
Зголемените цени на храната, исто така, предизвикаа големи протести низ целата земја во декември и резултираа со апсење на илјадници луѓе.
Демонстрантите извикуваа “смрт на Рохани” и го повика Врховниот лидер ајатолахот Али Камнеи да се повлече.




