Актерот Џон Махони кој најголемата слава ја стекна со улогата на Мартин Крејн, таткото на Фејзер во истоимената серија, вчера почина – соопшти неговиот публицист.
Тој имаше 77 години. Тој е роден во Англија и откако го завршил средното училиште се преселил во САД каде се приклучил на армијата на свои 19 години. Тој работел како универзитетски професор и медицински асистент.
Откако се откажал од својата професија, во неговите триесетти години, започнал со часови по глума во театарот „Свети Николас“ во Чикаго.
Во 1985 година Махони ја освои наградата „Тони“ за неговата изведба во „Куќата на сините лисја“.
Махони беше дел од ансамблот на театарот „Стивенволф“ во Чикаго 39 години.
Серијата Фрејзер имаше 11 сезони, од 1993 до 2004 година.
https://www.youtube.com/watch?v=V-PdwhQKaGU