НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов и Каминис со заедничка порака до јавноста

1
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, в петок во Атина ќе имаат официјална средба, а во пресрет на неа,  во заедничка колумна дадоа одговори на многу отворени прашања за актуелната политичка состојба во двете држави. Заедничката колумна е објавена во утрешните изданија на македонскиот дневен весник „Слободен печат“ и грчкиот дневен весник „Ta Nea“.

– Во текот на изминатите неколку недели беа направени важни чекори и беше направен моментум за решавање на спорот кој ги дели нашите држави со децении. Ова кулминираше со неодамнешниот конструктивен состанок помеѓу двајцата премиери во Давос, што доведе до изрази на надеж и охрабрување кај нашите народи дека оваа историска можност нема да се пропушти повторно. Ние, како градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување – посочија Шилегов и Каминис во колумната.

Двајцата градоначалници го изнесоа своето разбирање дека активирањето на преговорите создава стравови и несигурност кај големи делови од населението во двете земји, и дека таквите негативни чувства и грижи треба да се почитуваат, внимателно да се решаваат и да не се игнорираат.

– Не смееме да дозволиме националистичките гласови во двете страни да ги искористат овие чувства во обидот да го загрозат конечниот договор и повторно да ја утврдат нашата судбина и нашата заедничка иднина, не само како соседи туку и како европски граѓани – нагласија Шилегов и Каминис.

Тие како локални лидери, соочени со моќта на градовите што станува сé поголема, појаснуваат дека треба да се справат со повеќе предизвици што се суштински за секојдневниот живот на нивните сограѓани. Се посочуваат како одговорни за обезбедување широк опсег на јавни услуги и должности  за да ги направат своите  градови привлечни и подобри места за живеење.

– Денес, градовите во Европа ги делат најдобрите практики, соработуваат на различни нивоа, дизајнираат интегрирани политики, промовираат глобални цели и се вклучуваат во директен дијалог со европските институции и меѓународни организации. Градовите имаат храброст да преземат понатамошни одговорности и да развијат тесна интеракција со активното граѓанско општество, секогаш во насока на подобрување на животните услови и донесување конкретни решенија за проблемите на граѓаните – усогласени беа Шилегов и Каминис.

Градоначалниците на двата главни градови се решени да изградат повеќе мостови на соработка и да бидат движечка сила за приближување на двете соседни земји.  Сметаат дека е непобитен фактот дека бизнисите во Скопје и во Атина сé повеќе се поврзуваат, дека постои културна размена, младите студираат на исти универзитети, а нивните сограѓани посетуваат исти туристички дестинации во двете земји и развиваат меѓусебно пријателство.

На крајот од колумната тие додаваат дека како градоначалници на главните градови, решиле да го отворат патот кон поблиска соработка и силно ги охрабруваат нивните национални влади да го вложат тој дополнителен напор потребен за да не се пропушти новата можност и да се постигне договор кој  им служи на основните интереси на двете земји и гарантира подобра иднина за сите нивни сограѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.