НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Детска клиника 20 нови медицински сестри со договор на дело

1
By Менче Атанасова Точи on February 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 20 медицински сестри ќе бидат примени на хематолошкото одделение и за Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.  Откако во понеделникот на еден ден беше затворено хамтаолошкото одделение, министерот рече дека разговарал со директорката на Детската клиника Катерина Ставриќ,  а ќе бидат обебзедени дополнителни средства од ФЗОМ за оваа цел.

„Веќе се обезбедени дел од средствата и од Детската клиника, но и екстра средства од ФЗОМ. Направивме анализа заедно со Министерството за труд и социјална политика и идентификувавме огромен број невработени сестри. Верувам дека ќе можеме да најдеме кадар кој ќе работи во овие одделенија. Хематолошкото одделение се затвори за да не дозволиме никаква импровизација додека нема доволен број луѓе“, изјави министерот Филипче.

Тие 20 медицински сестри, потенцира, се екстра од она барање за медицински сестри кое редовно го даде директорката на Детската клиника за вработување. Но, овие медицински сестри ќе бидат со договор на дело, што значи ќе бидат на товар на Клиниката бидејќи за нив нема одобрено средства од Министерството за финансии.

„Да, точно е дека ќе бидат со догодовор на дело. Но, тоа ќе ја олесни состојбата. Мора да се угасне пожарот. Првите 20 ќе потпишат договори веднаш, а за еден месец ќе побараме уште 25 нови медицински сестри. Тие нема веднаш да се ставаат да дежураат, прво ќе поминат низ обука така што се надеваме дека до летото веќе ќе бидеме во подобра кондиција“, изјави за НОВА, директорката Ставриќ.

Недостигот на лекари и медицински сестри е проблем во цела држава, во сите болници. Филипче рече дека очекуваат резултатите да им покажат каде и за која специјалност треба да се концентрираат.

Претседателката на Лекарската комора на Македонија, Калина Гривчева Старделова потенцира дека старосната граница на матичните доктори и на матичните гинеколози била 58 години. Според неа, тоа подразбира дека оваа година таа старосна граница ќе биде 59 години.

„Ако земеме предвид дека со 62 години луѓето одат во пензија, ние за три години ќе имаме проблем ако нешто не се направи во смисла тие луѓе да се стимулираат да бидат матични доктори, а не да бидат доктори во странство. Заради тоа се овие работни средби, да се најде обид луѓето да бидат мотивирани и да останат во државата. Секоја година само на Медицинскиот факултет во Скопје дипломираат 220 доктори“, изјави Гривчева Старделова.

Таа изјави дека годишно на 173 доктори на медицина им издаваат потврди за работа во странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

ВЕСТИ August 4, 2025

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште…

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.