“Não é não”-“Не значи не”, е слоганот на Бразилијанките за време на карневалот во Рио кој се одржува деновиве.
Инспирирани од кампањата #MeToo иницирана по скандалот со продуцентот Харви Вејнштај, Бразилијанките одлучија да се мобилизираат и да се спротивстават на многубројните сексуални и физички напади врз жените што се случуваат токму за време на овој празник во Рио.
Овој бразилски празник, најголем на светот, се одржува на 40 степени температура а учесниците и учесничките често се лесно облечени а се точи и многу алкохол. Така што празникот е место на кое се случуваат десетици сексуални напади врз жените.
Според полицијата, на секои 4 минути се случува напад врз жена.
Жените во Бразил често се чувствуваат небезбедни и не само за време на празникот. Секоја трета жена над 16 години вели дека во текот на измината година била жртва на физичко, вербално или психичко насилство, тврди една анкета објавена пред една година.




