Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На тендер доби лек од паралелен увоз наменет за болните од леукемија

1
By Менче Атанасова Точи on February 13, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 13, 2018 11:55

Лек за болните од хронична миелоична леукемија кој доби на тендерот на Агенцијата за лекови, ќе биде внесен преку паралален увоз најверојатно од Турција, дознава НОВА од свои извори во здравството. Лекот Нилотиниб (Тасинга) е наменет за пацинети на кои не им делува единствениот лек кој е на позитивна листа, а овој лек, барање на Здружението за ХМЛ, им го вети во јуни минатата година, екс министерот Арбен Таравари.

Но, наместо да го набават директно од производителот Новартис кој тука има застапник, Агенцијата за лекови распишала тендер на кој добила веледрогеријата Др. Пановски. Станува збор за скап лек за кој месечна терапија чини околу 3.500 евра, а е наменет за 20 пациенти кои се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. За оваа цел производителот и воедно носител на одобрение на лекот, Новартис, ја намалил цената за дури 50 проценти, односно од еден милион евра, цената е спуштена на половина милион  при што производителот гарантира и дека лекот е оригинален и сигурен.

Но, на надлежните во здравството очигледно намалената цена на лекот не им била предизвик, па распишале тендер преку Агенцијата за лекови која е регулаторно тело на Владата и не треба да се занимава со набавка, туку со контрола на лекови. Дознаваме дека на тендерот кој заврши во петокот се јавиле три фирми: „Др. Пановски“, „Елбиор“ и „Новартис“ преку „Алкалоид Конс“, при што добила веледрогеријата Др. Пановски.

Информацијата на НОВА ја потврди и директорот на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) Роберт Беќироски.

„Да, точно е дека на електронската аукција на тендерот доби компанијата „Др. Пановски“. Лекот најверојатно ќе биде од паралелен увоз. Во оваа прилика би сакал да го повторам мојот цврст и непроменет став дека МАЛМЕД не би требало да учествува во набавка на лекови. Во таа насока инсистирам во новото законско решение за лекови, да не постои можност МАЛМЕД да набавува лекови. Овој тендер беше распишан на барање на Министерството за здравство во период кога јас не бев директор на МАЛМЕД“, изјави за НОВА, Беќироски.

И од претставинштвото на Новартис ја потврдија информацијата кој добил на тендерот, како и тоа дека ја намалиле цената на лекот за 50 проценти, но не сакаа да коментираат ништо без дозвола од компанијата. Прашањата до нив се испратени уште во текот на вчерашниот ден.

Набавката на овие лекови се влече цели осум месеци, а се случува во време кога пукна аферата со паралелниот увоз кога и се направија измените на Законот за лекови. Но, само неколку минути пред да биде ставен на прво читање на Комисија за здравство министерот Филипче го повлече Законот од Собрание. Министерот тогаш рече дека законот се враќа на допрецизирање на неколку зборови и дека за една недела ќе биде се завршено. Веќе трета недела помина, а законот не е вратен ниту во владина процедура ниту во законодавниот дом.

Во Здружението на болни од хронична миелоична леукемија(ХЛМ) се шокирани што на тендерот добил лек од паралелниот увоз.

„Не сме информирани, не знаеме ништо за ова“, кратко одговори Пепо Леви претседател на Здружението за ХМЛ, кое бараше спас за овие болни.

Дали е можно повлекувањето на Законот има некаква врска со реализацијата на овој тендер, треба да одговорат надлежните во здравството. Останува отворено и прашањето зошто МАЛМЕД не ја стопирало ваквата набавка иако може да го стори тоа. Има ли конфликт на интереси бидејќи лекот е наменет за Клиниката за хематологија каде што директорува ќерката на сопственикот на веледрогеријата која го доби тендерот. И она што е најважно кој ќе ја гарантира безбедноста на овие лекови кога, како што тврдат фармацевски експерти,  во државата не постои начин како и каде да се испита нивниот состав.

Тогашниот министер Арбен Таравари документот за набавка на овие лекови го потпиша на 30 јуни и вети итна набавка на лекот.

„Со ребалансот на буџетот во септември ќе ги обезбедиме овие средства, но пациентите нема  дотогаш да чекаат на лекот. Веќе е разговарано со веледрогеријата која го увезува лекот и тие ветија дека ќе ни ги испорачаат многу порано, најмногу за месец-два. Ќе ги земеме на реверс, а ќе им ги платиме од септември“, изјави Таравари на 30 јуни 2017 година.

Но, пациентите сепак, останаа без неопходниот лек осум месеци. Станува збор за околу 40 пациенти на кои не им делува лекот од позитивната листа, а државата досега не им овозможи терапија која преставува втора или трета линија во лекувањето. Некои од нив се обидуваат да си го продолжат животот за некој месец, продаваат возила, станови, но лековите се многу скапи.

Со оваа набавка лекови ќе добијат поливина од нив, односно 20 пациенти кај кои состојбата е најкритична. Во моментот во државата има регистрирано 114 пациенти со оваа тешка болест.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.