НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ај кју“ ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија во Лисабон

0
By Нова ТВ on February 13, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ ќе ја претставуваат Република Македонија на Евровизија во Лисабон 2018, соопшти Македонската радиотелевизија. Автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, а аранжманот е на продуцентот Дарко Димитров.

По распишаниот јавен повик за песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизија во португалската престолнина, на 10 февруари во просториите на МТВ се одржала селекција на пристигнатите песни.

Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектирала 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата била рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.

По пребројувањето на гласовите, осумчлената комисија одлучила дека „Lost and found“  има убедливо најголем број гласови и едногласно заклучила дека „избраната композиција на евровизиската сцена најдобро ќе ја донесе групата „Ај кју“. Таа е матична група на авторот Бојан Трајковски со вокалистката Марија Ивановска.

– Комисијата е едногласна во ставот дека одбраната композиција има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Ај кју“, објави Македонската радиотелевизија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.