Published: Wednesday, February 14, 2018 21:40
САД се отворени за разговори со Северна Кореја за да ја претстават американската политика по прашањето за нуклеарната програма на Пјонгјанг, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Тој во интервју за порталот „Аксиос“, нагласи дека таквите разговори нема да бидат исти како преговорите.
Пенс рече дека САД ќе продолжат да го јакнат дипломатскиот и економскиот притисок врз Сеаверна Кореја поради нејзините нуклеарни амбиции, а дека санкциите нема да бидат повлечени се додека таа не се откаже од својата нуклеарна програма.




