Published: Wednesday, February 14, 2018 22:46
Најмалку 14 лица се повредени во вооружен инцидент во средно училиште во Паркленд, Флорида. Полицијата соопшти дека лицето што пукало е уапсено, но полицијата се уште е на теренот во училиштето Марџори Стоунмен Даглас.
Според сенаторот Бил Нелсон, инцидентот се случил во 2 часот попладне по локално време, но засега не се познати причините. Тој само рече дека има голем број жртви. Подоцна локалната полиција соопшти дека напаѓачот е уапсен, а бројот на жртвите е 14.
Претседателот Доналд Трамп во првата реакција на нападот изјави: „Ниту еден ученик и наставник повеќе не смее да се чувствува небезбедно во американските училишта“.




