Published: Thursday, February 15, 2018 02:01
Најмалку 17 лица се убиени, а дваесетина се ранети во вооружен напад во средно училиште во ПарклендФлорида.
Шерифот на областа Бровард, Скот Израел соопшти дека убиецот е 19 годишен поранешен ученик, Николас Круз кој бил избркан од училиштето Марџори Стоунмен Даглас поради недисциплина.
Полицијата засега не дава други детали за мотивите, но соопшти дека она што е пронајдено при прегледување на неговиот дигитален профил, е многу вознемирувачко.
Полицијата соопшти дека нападот се случил попладнето околу 2 часот по лолано време.
Меѓу убиените има и ученици и наставници и други вработени. Најмалку 12 биле убиени во зградата, а другите надвор и во болницата. Во ова училиште според официјалните податоци, запишани се околу 3.100 ученици.








