Најмалку седум лица се повредени во судирот на италијанската полиција со антифашистичките демонстранти во Болоља, оббјавува АП.
До судирот дошло откако демонстраните се обиделе да го спречат одржувањето на планираниот митинг на шефот на неофашистичката италијанска партија Нова Сила, Роберт Фиоре.
Во нередите повредени се шестмина демонстранти и еден полицаец, објави агенцијата Анса.
Полицијата употребила солзавец, водени топови и пендреци во судиорт со демонстрантите, кои се обиделе да ги пробијат кордоните и да дојдат до плоштадот каде бил закажан митингот на тврдокорната радикална десничарска партија во традиционално левичарскиот град Болоња.
Лидерот на Нова сила, Фиоре по извесно време сепак им се обратил на малкумина кои останале и кои носеле транспаренти со „Италија на Италијанците“. Анса проценува дека групата броела неколку десетици луѓе.
Протестите организирани од трговската унија и граѓански активисти се случуваат во атмосфера на страв од оживување на неофашистичките чувства воочи националните избори во Италија закажани за 4 март.





