Published: Sunday, February 18, 2018 18:20
Неколку илјади приврзаници на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили излегоа денеска на улиците на Киев, со барање Петро Порошенко да се повлече од функцијата претседател на Украина..
Околу 2.500 луѓе учествуваа во демонстрациите, обезбедувани од 3.000 полицајци.
Уште стотици демонстранти се собраа во други градови, главно во западниот и централниот дел на земјата по повикот на Саакашвили, кој во понеделникот беше протеран од Украина.
Своевремено двајцата беа сојузници и Порошенко му помогна на Саакашвили да стане гувернер на Одеската област во 2015 година, но една година и половина подоцна Саакашвили ја напушти функцијата и го обвини претседателот за корупција.




