Англискиот музичар, композитор и импровизатор, Фред Фрит во рамките на својата актуелна европска турнеја ќе настапува и во Скопје.
Концертот е во организација на „Скопски џез фестивал“. Ќе се одржи во среда во камерната сала на Македонска филхармонија, со почеток во 20:00 часот.
„Јас сум автор, композитор, мултиинструменталист и импровизатор кој музицира главно на различни пермутации на електрична и акустична гитара. Понекогаш користам и еден куп доманаправени жичени инструменти кои се плод на мојата имагинација. Научив како се компонира во рок-бендови, почнувајќи со Henry Cow во 1968 година. Ова подразбира пишување за и со луѓе што добро ги познавам, и потоа потрага по финалниот резултат низ еден колективен истражувачки процес. Во годините со Henry Cow се вљубив во студиото за снимање и во неговите бескрајни можности. Воодушевен сум од идејата за ‘работата’ како незавршена и постојано отворена можност за промена на ентитетот. На суштината. Импровизацијата, сценографијата на звукот во студиото и третирањето на композицијата како отворен процес остануваат во средиштето на мојата размисла каква треба да биде музиката“, вели Фрит.
Билетите се со цена од 600 денари.