Published: Monday, February 19, 2018 20:40
Најмалку 27 ирачки војници загинаа при напад на екстремистичка група во Киркук.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска Држава.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изрази сочувство до семејствата на загинатите војници и побара апсење на одговорните за нападот.
И покрај тоа што Ирак прогласи победа на ИД, џихадистичката група и понатаму извршува напади во Багдад и во други делови на Ирак.




