НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан ја зголемува вработеноста – Македонија најдобар пример

0
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е еден од подобрите примери и практики за справување со невработеноста, се оценува во  направените истражувања во рамките на проектот „Платформата за вработување и справување со социјалните прашања“ на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Истражувањето „Пазар на трудот на Западен Балкан: постигнато, предизвици и можни политики“ објавено во рамките на Проектот, се однесува на шесте земји од Западен Балкан и во него се заклучува дека по стагнацијата од 2008 до 2011 година, во периодот заклучно со 2016 година Западен Балкан направил прогрес и раст од близу 9 отсто во вработувањата, соопштено е денеска во Сараево, по повод отворањето на платформата.

-Вкупниот број на вработувања повторно достигна 6,5 милиони што претставува зголемување од 8,9 отсто, се наведува во извештајот.

Извештајот е составен од податоци од сите државни агенции или бироа за вработувања во шесте земји и според тие податоци и проценки, во 2016 година во Македонија, 48 отсто од регистрираните активни баратели на работа нашле некаков вид на вработување и тоа се однесува на 51.683 лица во таа година.

Според Извештајот, транзицијата од невработен во вработен во 2016 во Албанија изнесувал 21 отсто (25.108), во БиХ 25 отсто (132.054) во Косово 45 отсто, но во споредба со 2014 година, во Србија 37отсто (265.111), во Црна Гора 34 отсто (14.645).

Кон промените во стапките за вработување во периодот 2010-2016 година на Западен Балкан најмногу придонеле проиводството, градежниот сектор, образованието, стручната и научната дејност, јавната управа и земјоделството – истакна шефот на проектот Нанд Шани, кој додаде дека во структурата на вработувањата, сепак, доминираат непроизводствените дејности.

Проектот „Платформа за вработување и справување со социјалните прашања“ (ESAP)  е финансиран од Европската унија, а спроведуван од РСС и Меѓународната организација на труд (ILO), со цел да се истражат состојбите и да се разменат искуствата и добрите практики на земјите од регионот.

Регионалниот совет за соработка е оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

 

вработување РСС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.