Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

0
By Нова ТВ on February 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2018 21:38

Американските ученици и нивните родителите деновиве почнаа масовни протести против слободната продажба на оружје со барање до законодавците да се направи итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата.

Гневот се обнови после минатонеделната престрелка во средно училиште во Паркленд, недалеку од Мајами, кога загинаа 15 ученици и двајца учители. Од еден вооружен напад до друг, незадоволството од статсус-квото со контрола на слободната продажба на оружје во САД тлее со децении.

Разочарувањето на родителите и учениците денеска беше големо, откако Претставничкиот дом на сојузната држава Флорида гласаше против нивниот предлог за општа забрана на носење оружје. Власта во оваа сојузна држава е под републиканците кои строго се придржуваат на Вториот амандман.

– Гласањето покажа дека Телахеси е под контрола на лобито за оружје. Претстои долготрајна борба, изјави Гвен Греам, кандидат за гувернер на Флорида од демократите.

Протести има и пред средното училиште во Паркленд, мастото каде се случи масакрот. Главното барање е забрана на продажба на оружје на лица помлади од 21 година.

– Дали Америка ги става на прво место пиштолите наместо децата, порача „Њујорк тајмс“, додавајќи дека можеби децата, згрозени од теророт што го преживуваат по училиштата, ќе ги натераат постарите на акција.

Првиот минтинг беше во понеделеникот пред Белата Куќа, кога ученици и студени организираа „лежечки протест“. На таков начин тие го поздравија Доналд Трамп по повод американскиот празник Ден на претседателот.

Кампањата на претседателот Трамп беше спонзорирана со над 30 милион долари од Националната стрелачка асоцијација (НРА), главната лоби група која се бори за заштита на Вториот амандман за слободно поседување на оружје.

Во текот на протестот во Вашингтон на кои се појавијаа членови на НРА и имаше мали туркања, беа прочитани имињата на загинатите од последниот напад.

Во меѓувреме, конвој од автобуси со ученици и родители вчера од јужна Флорида замина за Тeлахeси, главниот град на државата.

Тие таму поставија протестен камп и ораганизараа постојано бдеење се додека законодавците не ги изменат правилата за купување оружје и не забранат продажба на автоматски пушки од типот АР-15 во Флорида.

Пушката AР-15 беше оружје за избор на убиецот кој стрелаше во толпа луѓа на концерт во Лас Вегас лани, кога загинаа 58 луѓе, како и во нападот во ноќен клуб во Орландо во 2016, кога загинаа 49 лица, и за време на последниот напад во Паркленд, кога поранешен ученик отвори оган во училиштето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.