Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криминалистички лаборатории се набавувале за МРТВ

0
By Сашка Цветковска on August 20, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 20, 2013 18:41

Министерството за образование набавувало криминалистички и форензички лаборатории за Македонската радио телевизија. Така барем пишува во документот за набавката објавен на страницата на Бирото за јавни набавки. Министерството објавило дека склучило договор со француската фирма „Морфо“ во вредност од речиси 2,5 милиони евра за да набави две лаборатории, од кои што една за Факултетот за безбедност и една за Македонската радио телевизија, како што може да се прочита во документот. Описот даден за двете лаборатории е „лабораторија за криминалистичка регистрација и идентификација“.

Зошто во МРТВ чија дејност е радиодифузијата би им требало криминалистичко – форензичка лабораторија? Ова прашање го поставивме до Министерството за образование.

Од кабинетот за односи со јавноста во Министерството се уште не можат да ни одговорат со кои цели ја набавиле опремата. Тие ни потврдија дека оваа набавка е дел од повикот на Владата за опремување со лаборатории на образовните и научни институции.

Но, со оглед на фактот дека МРТВ не е ниту научна ниту образовна институција, ниту пак се бави со криминалистика, побаравме објаснување. Вчера ни беше потврдено дека таа опрема не е во МРТВ.

-Се јавив во Македонската телевизија и тие ми рекоа дека немаат ваква опрема и дека не знаат за повикот, во телефонски разговор ни рече портпаролот Давор Политов.

За денеска вети дека ќе се обиде да дознае од службите каде всушност завршил дел од таа опрема. Но, одговорот не стаса ниту денеска.

-Оние кои би можеле да ја имаат таа информација во моментов се на одмор. Штом дознаам нешто повеќе ќе Ве известам, рече тој денеска во разговор со НОВА.

Ова не е прв скандал со опремата која се набавуваше во рамки на големиот проект на владата за опремување на научните и образовните институции. НОВА минатиот месец објави дека во обвинителство е отворен предмет по кривичната пријава на дел од поранешното раководство на Факултетот за безбедност.

Професорката на Факултетот за безбедност Фросина Ременски обелодени дека три форензички лаборатории за пресретнување на комуникациите наместо на факултетот завршиле директно во Министерството за внатрешни работи. И тие лаборатории биле доделени во рамки на проектот на владата за опремување на научно-истражувачки и апликативни лаборатории, но веднаш по доделувањето опремата била предадена на владение на МВР. 

Афера: Факултети „подаруваат“ опрема за следење на МВР

Како тазе именуван продекан за настава на Факултетот за безбедност, професорката Фросина Ременски во 2012 прв пат, сосема случајно, во комуникација со МОН, а при подготовка на документи за акредитација на нова наставна програма за која биле потребни лабаратории, увидела дека факултетот поседува три врвни лаборатории за крим вештачења и пресретнување на комуникациите – опрема која никој не ја видел.

Лабораториите биле доделени во рамки на повикот на владата за опремување на научно-истражувачки и апликативни лаборатории, но веднаш по доделувањето опремата била предадена на владение на МВР. Откако раководството пријавило кај ректорот дека процедурите на примопредавање на опрема не се испочитуани и дека никој на факултетот не бил запознаен дека тие било кога добиле такви лаборатории, веднаш биле суспендирани, како што тврдат.

Како се случило примопредавањето, каде се документите за тоа и каде е опремата? Одговорите на овие прашања се чекаат од обвинителството. НОВА уште пред еден месец испрати прашања до МВР, но до ден денес не доби одговор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.