„Ваквиот вид попусти одговараат на семејниот буџет“, велат граѓаните кои срамежливо се криеа зад камерата на НОВА, откако утрово, „ги нападнаа“ продавниците во трговскиот центар Рамстор.
Продавачите пак велат попустот од 50 до 70 отсто се однесува на гардеробата од минатогодишните колекции, како и пролетните од оваа година.
За некои од продавниците, работното време стартуваше и порано од предвиденото, односно се чекаше ред уште пред да бидат отворени, а потоа работеа со повремено пуштање на купувачите кои беа мотивирани од цените на понуденото.
Распродажната акција „Гараж сејл“ во трговскиот центар Рамстор, е предвидена да трае до 27 август.