Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските медиуми со критики за уредникот на “Гардијан”

0
By Нова ТВ on August 21, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 21, 2013 14:13

Многу германски весници ги коментираат информациите дека британската тајна служба го принудила лондонскиот весник „Гардијан“ да ги уништи податоците за шпионирањето на американската НСА, добиени од Едвард Сноуден, пренесува Дојче Веле

Весникот „Зидојче цајтунг“ во својот остар коментар го критикува и главниот уредник на Гардијан, Алан Расбриџер:

„Расбриџер дозволи влегување на агентите без судски налог и без големи закани во зградата на еден весник. И тој им го овозможи она на што го принудуваа агентите, а што новинарите би требало да го спречат- уништување на податоци. Тоа „Гардијан“ го поштеди од судски процес и можна парична казна и ништо повеќе. ’Гардијан’ односно чуварот, пред се’ ги штитеше своите банковни сметки. Акцијата, која ја одобри Расбриџер, е тежок удар за слободата на печатот. Таа ќе му наштети на угледот на ’Гардијан’, можеби и на целата бранша. Не може секоја редакција да си дозволи тајните материјали да ги складира надвор од земјата и да вработува репортери ширум светот. Слободата на печатот мора да биде одбранета таму каде што е загрозена. Во овој случај тоа беше во Велика Британија, и тоа во подрумот на ’Гардијан“’.

„Дер ное таг“ коментира со доза на хумор:

„Ретко можеме вака да се насмееме! Тоа дека еден водечки медиум во земјата, со дописничка мрежа низ целиот свет, своите бризантни документи ги чува само во издавачката куќа ниту една власт не може да го смета за сериозно. Акцијата спроведена во ’Гардијан’ и повеќечасовното шиканирање на животниот партнер на еден дописник на ’Гардијан’ на аеродромот Хитроу не може да има никаква друга цел освен заплашување.“

„Нордвест цајтунг“ пишува за еден друг аспект:

„Агентите на тајната служба го посетија дневниот весник и побараа од издавачот да уништи тајни материјали. Да се случеше сето ова во Русија или во Кина, никој не би се зачудил. Но дека тоа се случи токму во Велика Британија, каде критички настроеното (понекогаш и цинично) новинарство има долга традиција, е скандалозно.“

Коментаторот на „Минхенер меркур“ гледа на сличен начин:

„Токму владата на Велика Британија, која премногу покажува со прст на недемократските режими сега се обидува да ја ограничи слободата на печатот. Со кое право мислат Обама и Камерон да бараат човекови права и слобода во Кина, Русија и во Северна Кореја кога тие исти права, тие ги газат под нозе во сопствената куќа“, се прашува „Минхенер меркур“.

„Можно е тајните служби и на британскиот полуостров да излегле од контрола“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и заклучува цинично: „Во земјата на Џејмс Бонд или владеат кубански односи или е во игра премногу вотка-мартини.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.