Секоја поморска блокада, Северна Кореја ќе ја смета за објава на војна, соопштија властите во оваа земја по санкциите што ги најави американскиот претседател Трамп.
“Двете Кореи заеднички соработуваа и Олимпијадата беше успешно одржана”. Но, САД ја донесоа заканата од војна на Корејскиот полуостров со нови санкции пред големата церемонија на затворање на Олимпијадата” објави новинската агенција КЦНА цитирајќи го северно корејското министерство за надворешни работи.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нови казнени мерки за кои рече дека имаат за цел да извршат притисок врз Пјонгјанг во врска со северно корејската програма за нуклеарно оружје.. Со новите санкции се опфатени повеќе од 50 бродови и фирми кои помагале Северна Кореја да ги избегнува претходните санкции, воведени поради нејзината нуклеарна програма.




