Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хитовите „Елисеум“ и „Семејството Милерс“ во Синеплекс

0
By Нова ТВ on August 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 21, 2013 15:38


Оваа недела, на репертоарот на Синеплекс пристигнуваат два големи холивудски хитови –
„Елисеум“ со Џоди Фостер и Мет Дејмон и „Семејството Милерс“ со Џенифер Анистон и Џејсон Судеикис.

Во свет каде привилегираните живеат на орбитирачка вселенска станица наречена Елисеум, а оние со помалку среќа во животот живеат на пренаселената, пред уништување планета – Земја, еден човек се осмелува да ги побие строгите анти-имгирациски закони кои ги делат двата света се со цел да го спасат човештвото.

Годината е 2154, и поделбата меѓу класите во општеството е поголема од било кога. Додека богатата класа живеат во луксуз и имаат пристап до најсовремена медицинска технологија на Елисеум, останатиот дел од човековата раса се справува со сиромаштија, болести и криминал на површината на Земјата.

Во меѓувреме, строгите имифграциони закони се осигуруваат дека само на тие што експлицитно им е дадено зелено светло, ќе стапнат во овој рај меѓу ѕвездите.

36-годишниот Макс (Мет Дејмон), со тешко минато, заработува за живот во една фабрика за резервни делови во Лос Анѓелес. Иако е поранешен затвореник, тој се обидува да остане на добрата страна на законот откако дознава дека тоа е едниствениот начин да стапне на Елисеум и да се излечи откако е изложен на смртна радијација.

Ако успее да стигне до Елисеум, ќе им нанесе тежок удар на привилегираните и ќе се обиде да издејствува еднаквост за сите, но ако не успее да стигне до Елисеум, тогаш тоа значи сигурна смрт.

Во неговиот поход да стане херој, кој ќе го постави балансот помеѓу богатите и сиромашните, Макс мора прво да се соочи со острата Министерка за Одбрана на Елисеум – Делакорт (Џоди Фостер), која што целиот живот го има посветено на одржување на поделбата меѓу привилегираните и оние од Земјата, и со нејзиниот изведувач на нелегални зделки.

Судбината на милион луѓе виси во воздухот додека Макс е решен да стигне до Елисеум и да воведе еднаквост за сите.

Во акционата комедија „Семејството Милерс“ главните улоги ги имаат Џенифер Анистон и Џејсон Судеикис, докажани комичари и одлични актери.

Дејвид Бурк (Судеикис) е ситен дилер во чија клиентела спаѓаат домаќинки, готвачи но никако деца – сепак тој си има свои принципи врз кои работи. Што може да тргне наопаку? Многу. Преферирајќи да останува притаен заради очигледни причини, тој учи на потешкиот начин дека добрите дела не поминуваат неказнето кога се обидува да им помогне на локални тинејџери за да на крај заврши претепан и ограбен од сета своја залиха, тој запаѓа во долгови кај неговиот снабдувач, Бред (Ед Хелмс).

За да може да му се оддолжи на Бред, од ситен дилер, сега Дејвид мора да стане вистински дилер на дрога за да ја донесе последната пратка од Мексико.

Измамувајќи ги својата сосетка која воедно е и стриптизета, Роуз (Анистон), момчето кое очајно сака да Дејвид да му продаде дел од неговиот асортиман на производи Кени (Вил Поултер) и истетовираната и испирсаната тинејџерка – бегалка Кејси (Ема Робертс), тој составува план кој ќе му помогне да ја изврши задачата која Бред му ја задал многу полесно.

Една лажна сопруга, две лажни деца и едно големо и ново комбе-приколка подоцна, семејството Милерс се упатуваат кон југ за еден незаборавен викенд за 4ти Јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.