Вчерашниот земјотрес кој ја погоди Папуа Нова Гвинеја предизвика лизгање на земјиштето, прекин во телекомуникациите а има пријави и за оштетувања на згради како и компании кои се занимаваат со гас и нафта.
Портпаролот на Националниот центар за катастрофи на државата, изјавил дека засега нема информации за загинати, но поради отежнатиот терен не може да даде целосна проценка.
Од канцеларијата на Меѓународниот Црвен крст соопштиле дека „се стравува од голем број на жртви“.
„Сериозно е во областа каде што погоди земјотресот. Луѓето се дефинитивно многу исплашени“, изјавила Удаја Регми, првиот човек на Црвен Крст во Папуа Нова Гвинеја.
По земјотресот од 7.5 степени, следеле уште неколку земјотреси како последица на поместувањето на тектонските плочи, познати како афтершокови, но засега нема предупредувања од цунами.
Тимови на Националниот центар за катастрофи се на терен и во моментов ги расчистуваат последиците.
Во 1998 година, дел од Папуа Нова Гвинеја беше погоден од цунами, што пак резултираше со земјотрес од 7 степени, при што загинаа над 2.000 луѓе.