НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дента кога Ќосето замина

0
By Нова ТВ on March 2, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Овие денови ќе се паметат во Македонија по дислоцирањето на некои од проблематичните споменици. Ќе се паметат како денови во кои со по некој симболичен чекор треба да се поправат некои од очигледните грешки на минатата власт во земјава. После полноќ се случи поставувањето на тие споменици, така се случи и дислоцирањето. Нивното дислоцирање всушност носи важна симболика која треба да значи постепено ослободување од канџите на еден режим кој сметаше дека е разумно на влезот на комплексот судски згради да постави споменик на човек кој служел како ликвидатор, кој бескрупулозно ликвидирал неистомисленици во име на партијата.

Споменикот на Андон Лазов Јанев пред судовите имаше всушност иста таква цел, симболично исплашување на судиите, секојдневна закана спрема нив, дека доколку ќе прекршат од “вистинскиот пат” ќе се соочат со камата на Ќосето, таа голема кама која беше главниот заштитен знак на бронзениот споменик.

Ќосето стана концепт на судството во Македонија, концепт од кој ќе и треба долго време да се ослободи, многу подолго време од тоа што чекавме за физичкото дислоцирање. Протерувањето на Ќосето од психата на судиите во оваа земја нема да биде лесно и нема да се случи веднаш: многу од судиите треба да се ослободат од стравот што во нивната потсвест го чувствуваат спрема извршната власт, додека пак некои од судиите треба да се ослободат од помислата дека тие самите се Ќосиња и како такви мора да бидат страшни и заканувачки спрема нивните колеги. Овој процес на менталното елиминирање на Ќосето ќе биде многу потежок од неговата физичка елиминација, и сеуште не се знае дали ќе успее како процес. Ослободувањето на судството од ќоселукот ќе биде најголемото достигнување на земјата кое ќе докаже дека слободното живеење е навистина возможно.

Ќосето си замина, меѓутоа, остави зад себе свои следбеници и заменици. Го остави Караџовски за претседател на Судскиот Совет, кој со доследност и служеше на власта со години а судството го гледаше низ призмата на моќта на сонцето во однос на сончогледите. По него остана и Вангеловски да го води и понатаму Врховниот Суд, лицето кое директно овозможи притвореник во бегство да биде ослободен од притвор со што им го отвори патот на бегство на уште двајца осомничени на СЈО да ја напуштат државата.

Судиите кои слушнавме во прислушуваните разговори како станале судии, а според кои нашето судство го доби епитетот „Сваровски“ судство сега судат на предметите на СЈО, каде ги осудуваат на условни казни лицата кои направиле даночно затајување со кои сериозно го оштетиле буџетот на ова сиромашна држава. Сите овие лица немаат ни намера, а ни доблест да помислат на оставки од морални причини, додека пак реформите во судството се заглавени бидејќи треба да поминат преку нив. Во такви услови јасно се гледа дека вистинското дислоцирање на Ќосето од нашето судство допрва треба да се случи, за правдата конечно да профункционира.

А правдата мора да профункционира во сите случаи, и во случајот Алмир. Судството во една земја мора да биде главниот гарант на фундаменталните права на човекот. Секое лице и секое семејство мора да почувствува дека токму судството како институција е гарант на правото на живот. Без ефикасна заштита на тоа право, залудно е да се зборува за било што друго.

Правот на живот се гарантира преку должното обезбедување на брза, ефикасна и транспарентна истрага кога некој го губи животот. Ова е главната процедурална обврска на секоја држава во врска со заштитата на правото на живот. Секојдневно се соочуваме со разни информации кои влеваат сомнеж во начинот на кој е спроведена истрагата во случајот Алмир. Имаше некакви апсурдни обиди можната преквалификација на делото да се продаде како нешто кое се случило за време на минатата власт. Потоа се објавуваат информации дека возилото со кое се сторило делото, значи самото орудие на злосторството, наместо да се конфискува се вратило на сопственикот и сега е на продажба. Таквите сомнежи дополнително ја потхрануваат големата недоверба кон судството и создаваат чувство на неправда во судските процеси. Кога тоа се комбинира и со етнички тонови на меѓусебно надгласување, работите изгледаат многу многу лошо.

Случајот Алмир е еклатантен пример на случај лошо менаџиран од страна на правосудните власти. Прво, јасно е дека умислата во извршувањето на едно дело е тешко да се докаже, и токму заради тоа брзата, ефикасна и транспарентна истрага е клучна за тоа какви докази ќе се соберат со што ќе се одреди и квалификацијата на делото во моментот на покренувањето на обвинение.

Пропустите во истрагата во овој случај влеваат сомнеж во обидот за преквалификација на делото. Второ, во такви чувствителни случаи многу е важно каков однос ќе изгради обвинителството со семејството на жртвата. Обвинителството мора да се сретне редовно со семејството на жртвата, да и ги објасни тешкотиите на случајот, причините за одредени дејствија, да образложи зашто не успеала да обезбеди доволни докази за делото во рамки на истрагата како и да ги објасни сите наредни чекори и сите детали околу натамошната постапка. Било каков друг пристап создава недоверба во односот меѓу семејството на жртвата и обвинителството, како и чувство дека интересите на жртвата не се соодветно заштитени. Трето, овој случај уште еднаш потврди дека жртвата во нашата кривична постапка не е до крај соодветно заштитена, бидејќи нејзината судбина е целосно поврзана и зависна од волјата на обвинителството.

Доколку обвинителството се повлече од случајот или истиот го преквалификува, жртвата нема механизам со кој би барала судска заштита на своите интереси. Нејзе и преостанува само да се жали до вишото јавно обвинителство, но не и до судот. Овој пропуст треба итно да биде поправен од страна на законодавецот со цел да се пружи судска заштита на правата на жртвата на кривичното дело.

Заради овие причини како и заради многу други судски случаи кои го немаат публицитетот на случајот Алмир, судството во Македонија треба да помине низ вистинска реформа, да се спаси од Ќосето во нејзината внатрешност, а не само физички да го дислоцира од пред зградата на судот. Вистинскиот успех ќе дојде кога Ќосето ќе биде дислоциран од внатре во судот, а судиите ќе успеат и духовно да се ослободат од него.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.