Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не пукајте во ДУИ

17
By Биљана Секуловска on March 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 3, 2018 11:23

ДУИ се ретка, заштитена ѕверка, не пукајте во нив, смилувајте се. Никогаш не е време за нив, затоа што секогаш има време, бесконечно многу време за нив, за нивното присуство, дури и во паралелните светови, каде, ех, колку се надеваме, дека таму се подредено, праведно.

Таму злата и политичките правила на покорност се елиминирани, Ахмети има во тој свет поинаков тек на животот, таму тој не ни е судбина, не владее со Заевото царство.

Не треска на масата кога тој сака да добие збор, не му ги поткусува на Заев ногарките од владината маса, за тој да изгледа повисок, позначаен, гробусен, седнат на престол, со замислен поглед, а можеби и тоа не е така, лицето и не му се гледа, се е обвиткано од чад, пуши цигара за цигара, владетелот на Заев, џелатот на Заев.

Таму Бекир Асани, значајниот функционер на ДУИ можеби и удира полицајки додека пајакот му ја разнишува колата лево-десно, како да е направена од лего-коцки. Е, да, но таму Асани одговара за ударите, како што само на овој висок функционер на ДУИ му личи да се размавтува со боксови, таму мора да има правда, затоа што поинаку нема да може да има држава.

Во тој некој друг свет, каде сите сме таму, заедно со ДУИ, се што е горко, загноено во општеството е пресечено, а линиите за некаков ред, поредок, правда, праведност, се длабоко врежани.

Таму, каде се уште не заслужуваме да  бидеме, таму Лазе Еленовски никогаш нема да биде кадар на ДУИ испратен во Брисел, како специјален претставник за НАТО. Таму Заев не може да зборува дека Еленовски не е негова одлука, туку на неговиот коалиционен партнер, на неговиот драг Ахмети.

Таму Бујар Османи е солидарен со останатите соседи, како што е Косово, но таму тој знае која земја ја претставува и чија плата зема, добога. Во тие некои други светови, тој не одбива да присуствува на Конференција за Западен Балкан во БИХ, затоа што нема столче за Косово. Таму не лицитираат со имиња, таму знаат колку се тешки и несносни преговорите, таму замолчуваат засекогаш тогаш кога мора тоа да се стори. Таму Заев знае како мора да се води Влада и што не смее да се толерира.

Таму Заев знае дека моралната вертикала е суштината, онаа точка, појдовна точка од каде мора да се исправи еден политичар, да застане пред јавноста и да се срами од тоа што некогаш бил и што се уште е, политичарот на ДУИ, тој политичар.

Секој политичар копнее да се обраќа исклучиво пред очите на слепите, пред ушите на глувите, пред устата на немите, секој политичар ја посакува вечноста, а таа може да дојде само ако очите, ушите и устата се издлабат, исечат и закопаат во најдлабоката дупка, за никој да не посведочи, да не раскаже, да не се дознае дека само така политичарите можат да опстанат.

На ова Ахмети долго се надева, окупирајќи ги со години најпрво груевистичкиот поредок, а сега, и власта на Заев. Точно, таа  Влада на Заев е недоволно избрусана, неискусна, премногу млада, во некои сегменти недоволно квалификувана, но она што вреди, секако дека се фините нијанси на шаренило, како и фактот дека е поставена на чесни основи, власта на Заев.

Затоа сега е важно ДУИ и Ахмети да останат на тронот, да не се предаваат, да не се срамат, ниту каат за сторените грешки, старите злупотреби, новите скандали. Само така, со нивното присуство, Заев ќе знае што се направило и што не смее да продолжи. Нека замижува очи Заев, нека не проговорува за ДУИ, нека не дозволува некој да пука во нив, нека ги брани, одбранува и штити со своето тело.

Тоа е концептот на таа држава која ниту нему не му е потребна, еднакво како и на нас, но секој има избор, секој си го потпишува сам крајот, а Заев, какво разочарување, го одбрал потписот на Ахмети. Ви велам, не пукајте во ДУИ, самите ќе се разорат од сопственото оружје, кое додека го вперуваат во нас, не гледаат каде е цевката.

Исто како што каменот од блиску доаѓа, но Заев ја знае таа приказна, колку и да ја закопал и не сака да ги валка прстите, но нека се сети. Земјата е затруена од приказната, но и прстите веќе се извалкале, сето тоа тој добро го знае, но, засега одбрал само една наредба- пукајте единствено во мене.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.