Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуковски и Митриќевски во жирито на „Браќа Mанаки“

0
By Нова ТВ on August 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 22, 2013 15:29

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола и Вип оператор имаат чест да ги објават составите на жири-комисиите што ќе одлучуваат за наградите во натпреварувачките селекции на Фестивалот „Браќа Манаки“. Жирито и на главната програма и на програмата Нови визии е сочинета од потврдени и почитувани имиња од светот на филмот и на уметноста.

За четирите вискоко ценети плакети Камера 300 (златна, сребрена, бронзена, мала) именувани во чест на сподвижниците на македонскиот и на балканскиот филм, браќата Манаки од Битола, и за наградата Нови визии ќе одлучуваат врвни светски кинематографери, режисери, сценаристи, продуценти, но и членови на жирија на големите филмски фестивали, писатели, новинари, критичари, публицисти, универзитетски професори, научни истражувачи.

Претседател на петчленото интернационално жири на главната програма ќе биде шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин (роден 1938), снимателска легенда, додека останатите членови се:

Елма Татарагиќ (родена 1976), основач на Филмскиот фестивал во Сараево, каде моментално е селекторка на главната програма. Како сценаристка-продуцентка учествувала во неколку филмови, од кои се издојува СНЕГ (2008), во режија на Аида Бегиќ. Освен што предава пишување сценарио на Академијата на изведувачки уметности во Сараево, автор е на книгата Стилистика на пишувањето сценарио (2010).

Дејан Дуковски (роден 1965), драмски писател и сценарист од Република Македонија. Предавал на Одделот за филмско и телевизиско сценарио при Факултетот за драмски уметности во Скопје. Неговите драми се преведени на повеќе јазици и се изведувани во светските театри. Според драмите БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ и БУРЕ БАРУТ има снимено филмови. БАЛКАНОТ… во режија на Александар Поповски беше прикажан минатата година во натпреварувачката програма на ИФФК „Браќа Манаки“, а наградуваниот БУРЕ БАРУТ на Горан Паскаљевиќ на 1998 година ја доби Бронзената камера на истиот фестивал.

Проф. д-р Божидар Манов (роден 1947) е водечки бугарски филмски критичар и публицист со интернационално реноме. Декан е на Факултетот за филм при Државната академија за театарски и филмски уметности во Софија. Бил на високи позиции во филмски организации, меѓу кои потпретседател на ФИПРЕСЦИ (2001-2005) и член на ФИПРЕСЦИ жирија на фестивалите во Кан, Венеција, Берлин, Сан Себестијан, Карлови Вари, Палм Спрингс, Истанбул, Бусан, Гетеборг, Валадолид, Висбаден, Солун, итн. Автор е на филмолошки книги, а куриозитет е што г-динот Манов е преведувач на романите на писателот Гоце Смилевски од македонски на бугарски.

Амнон Зале е еден од најактивните и најбарани израелски кинематографери од средната генерација. Бил кинематографер на десетици играни филмови, како и редица документарци, ТВ-серии, музички спотови, реклами. 34-то издание на „Браќа Манаки“ е негов кам-бек на Фестивалот после 20 години, кога имал филм во главната конкуренција.

Претседател на трочленото жири пак, на програмата Нови визии која е натпреварувачка од 2011 година ќе биде Антонио Митриќески, македонскиот режисер и професор по филмска и телевизиска режија.

За краткометражните филмови од студентските денови има освоено повеќе награди. За долгометражниот документарец „Љубовта на Кочо Топенчаров“ се закитил со Златен медал во Белград, а со двата играни филма „Преку езерото“ и „Како лош сон“ учествувал на голем број фестивали. Основач е на првото приватно претпријатие за продукција на филмови „Хоризонт филм“, а автор е и на две книги поезија: „Патување“ и „Траги“.

Останатите членови на жирито се и двете дами:

Шахла Нахид, доктор по социјална психологија, новинарка и филмска критичарка на Радио Франс интернешенел. Известувала од многу национални и интернационални фестивали како филмска критичарка, специјалистка за ирански филм или како член на жирија. Два пати била дел од жирито ФИПРЕСЦИ во Кан. Уредничка е на неделната радиоемисија за култура „Свилен пат“.

Андроника Мартонова, бугарска филмска критичарка и истражувачка на азискиот филм. Професорка е на Институтот за уметнички студии, а со предавања гостува и на други факултети и академии во Бугарија. Авторка е на повеќе критички и научни публикации. Нејзината книга Хиероглифи на филмот. Естетики и значења на источноазискиот филм ја добила „Кристална пирамида“. Како член на жири била дел од повеќе фестивали во светот.

34. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на режисерот Игор Иванов. Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300“ за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Со ИФФК Браќа Манаки и Вип оператор, многу повеќе светлина во Битола и во Македонија.

Платен маркетинг

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.