Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Како се одвивало бегството на убиецот на Нешковски

1
By Соња Петрушевска on March 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 9, 2018 16:41

Игор Спасов, убиецот на  Мартин Нешкоски, синоќа го напуштил затворот Идризово. Не се знае колку време Спасов бил надвор од затворот. Се вратил сам во 1 часот и 50 минути –  потврдија за НОВА  од Управата за извршување на санкции кои денеска беа во надѕор во затворот.

Неколкучасовното бегство на Спасов го  пријавиле затворските чувари на полноќ, кога виделе дека Спасов не е во својата ќелија.  Час и половина подоцна, Спасов се вратил во затворот. Против него е поднесена дсициплинска постапка и тој е преместен во самица.

Директорот на Идризово, Антонио Димов, цел ден не се јавуваше на телефонските повици на НОВА. Според нашите информации, тој и неговиот заменик денеска воопшто не биле во затворот. И од Управата за извршување на санкции велат дека не успеале да контактираат  со нив.

Спасов бил сместен во отвореното одделение на Идризово, иако издржува затворска казна од 14 години.

Од Управата за извршување на санкции денеска не сакаа за НОВА да коментираат дали Спасов смеел и зошто воопшто бил префрлен во отвореното одделение. Оттаму велат дека најпрво ќе го почекаат официјалниот извештај на директорот, пред да соопштат каде ја лоцираат одговорноста за бегството на Спасов од затвор, за што евентуално би дал препораки во кого точно лежи вината- дали во чуварите на затворот или пак во раководниот кадар на затворот.

Игор Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кое се случи на плоштадот Македонија за време на прославата на ВМРО ДПМНЕ на изборите во 2011 година.

 

 

Идризово Спасов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.