Обамовци, Барак и Мишел, ќе бидат продуценти на Нетфликс и ќе работат на производство пред се на емисии со дебати, објави вчера New York Times но го цитираше изворот на оваа вест.
Договорот помеѓу двете страни се уште не е финализиран но сегашните одредби предвидуваат дека екс претседателскиот брачен пар ќе биде платен за серија емисии.
Помеѓу проектите Обама можеби ќе го видиме како презентира дебати на теми кои беа значајни во времето кога беше претседател на САД како здравството, имиграцијата, надворешната политика или климатските промени.
Мишел можеби ќе се појави во емисија посветена на исхраната бидејќи таа на оваа област и посвети многу време додека беше прва дама на САД.
Според New York Times, парот Обама можеби би дозволиле нивното име да биде поврзано со документараците и играни филмови или серии што се во согласност со нивните вредности и принципи.




