Убер де Живанши, аристократскиот француски моден дизајнер познат по „малиот црн фустан“ и стиловите на Одри Хепберн и Џеки Кенеди, почина на 91-годишна возраст, сооошти денеска неговиот партнер.
Живанши го постави моделот на дамски шик во педесетите години, а неговиот едноставен стил на облека сè уште го следат британската кралица Елизабета Втора и постарите членови на американскиот и кинескиот џетсет.
На пошироката јавност тој беше најпознат како креатор на филмската и личната гардероба на неговата долгогодишна муза, Одри Хепберн, во филмовите меѓу кои и „Појадок во Тифани“ и „Смешно лице“.
Со неговите совршени манири , Живанши постигна импресивно и препознатливо присуство што повеќе од педесет години ја боеше модната индустрија.