НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зимбаков го демантира Кедев: Пациентите на Кардиологија се безбедни

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одделот за интервентната кардиологија на Универзитетската клиника за кардиологија функционира тековно и нема никаков застој. Се третираат и најтешките случаи со акутен миокард. Во ниту еден момент не била и не е загрозена безбедноста на пациентите. Безбедноста и квалитетот со тимската работа ќе биде само поголема.

Ова денеска го истакна директорот на Универзитетската клиника за кардиологија д-р Жан Зимбаков, кој најстро ги осуди неодамнешните обвинувања на поранешниот директор д-р Сашко Кедев за оваа јавна здравствена установа и појасни дека не е оневозможено неговото работење на Клиниката.

– Доктор Сашко Кедев не е деградиран во обичен доктор како што изјави. Знаењето и репутацијата кои ги стекнувал со години никој не може да му ги одземе, како што никој не може да му ја одземе и титулата професор. Тој е дел од тимот и нема забрана да работи во ангиографската сала и не е спречен за ниту една процедура, за разлика од него кој 11 години приватизирал процедури и не дозволил друг да работи злоупотребувајќи ја функцијата директор, рече Зимбаков.

Потенцира дека од неговото доаѓање за директор на Клиниката за кардиологија, Кедев  во првите две недели бил шеф на Одделот за интервентна кардиологија, но не доаѓал наутро на работа како сите доктори, го немало на листата за електронска регистрација на времето за работење, не присуствувал на ниту еден утрински состанок на кој се реферираат и дискутираат пациентите со што покажал негрижа кон нив и бил единствен кој немал МојТермин, ниту каква било работна обврска.

– Не беше во тек со пациентите во Интензивна нега и за кои како шеф на интервентна кардиологија требаше да направи проценка и договор за интервенција. Затоа е сменет од шеф на оддел. Одделот и останатите интервентни кардиолози функционираат како досега на ист начин и со иста фреквенција на работа. Не може шефовското место да биде сведено само на интерес за студии и корист од нив. Разликата сега е само што понатаму Одделот ќе функционира и одлучува како тим што е основна препорака на американскиите и европските здруженија, додаде д-р Зимбаков.

Тој појасни дека за нов шеф на Одделот за интервентна кардиологија е назначен д-р Оливер Калпак, долгогодишен интервентен кардиолог.

Од Клиниката наведуваат дека во 2012 година во таа јавна здравствена установа биле изведени 4.000 интервенции, а минатата година 13-члениот тим извршил 6.600 од кои над 3.000 се со стентирања.

Зимбаков Кардиологија Кедев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.