НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ: Грипот стивнува, бројот на заболени се намалува

0
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на изминатата недела (од 5 до 11 март), во Република Македонија се регистрирани 1.980 заболени од грип, што е намалување за 32 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.781 заболен, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Најголем број заболени – 1.209 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 137,8 на 100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени лица – 355 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје, а највисока инциденца 550,9 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Свети Николе.

Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, во две (ПЕ Свети Николе и ПЕ Кавадарци) се регистрира многу висока активност на вирусот. Во останатите центри за јавно здравје/подрачни единици се регистрира од многу ниско до средно ниво на активност на вирусот на грип, додека во три подрачни единици не се регистрирани заболени лица.

Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 21.100 случаи. Регистрираниот број случаи е помал за 39 отсто споредено со истиот период од минатата сезона (34.625).

Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 12.767 случаи (60,5 отсто) и кај децата на возраст од 5-14 години.

Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари (2.396 заболени или 11,4 отсто) и достигнување врв во февруари (12.951 или 61,4 отсто). Во март за две недели, регистрирани се 4.671 заболени или 22,1 отсто.

Се работи за Influenza А и Influenza B вирусот, со доминација на B вирусите.

грип состојба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.