НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија ја спушта рампата за Македонија

0
By Нова ТВ on August 25, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По задоцнувањето од Македонија да ја укине „забраната“ за увоз на српската пченица, Србија подготви реципрочни мерки. Министерство за земјоделство на Србија вели: Ние сме принудени да го ограничиме увозот на македонското вино, грозјето и доматите.

Иако минатиот месец беше договорено Македонија да ја укине одредбата според која се ограничува увозот на пченица од Србија, Македонија повторно пркоси на договорот, јавува српски „Вечерње новости“.

Во нивната анализа се вели, додека спрските земјоделци поради одредбата трпат голема економска штета, македонските извозници заработуваат во Србија, особено со продажбата на овошјето и лубениците.

Според одредбите на Владата на Македонија во почетокот на јули, се донесе одлука според која за килограм увезена пченица од другите земји, па така и од Србија, македонските увозници мораат да купат три килограми од домашниот пазар, додека за килограм брашно – четири килограми пченица од домашното производство.

Според мислењето на Милан Простран, советник за земјоделство во Стопанската комора на Србија, очигледно е дека земјите-потписнички на ЦЕФТА сеуште не се подготвени да во потполност го отворат својот пазар.

„Србија и Македонија прилично динамично извозуваат, за само пет месеци годинава извезовме околу 270 000 тони а тоа ги наполни нивните силоси, па веројатно се уплашени дека нема да има доволно простор за домашните производители“, вели Простран. „Освен тоа Македонија не е единствената земја која донесе вакви одредби. Минатата година таков проблем имавме и со Босна“.

Српската и македонската страна постигнаа договор на 20 јули дека делот од одредбата кој се однесува на ограничување на увозот на пченицата ќе се укине до 15 август, а за брашното на 1 септември. Меѓутоа засега сеуште не се случи тоа.

Одоговор на тоа зошто Србија сеуште не реагира на македонското ембарго дадоа и од Министерството за земјоделство.

„Сакавме да избегнеме пазарна војна, која никогаш не е добро решение зи ниедна од страните , но и ние мораме да ги заштитиме домашните произведувачи“, изјави Данило Голубовиќ, државен секретар во истоименото министерство. „Досега бевме толерантни, меѓутоа македонската страна очигледно го крши договорот…бидејќи до сега Македонија не ја укина одредбата, приморани сме да реагирам и ние да го ограничиме увозот на вино, грозје и домати.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.