Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средниот прст за малиот Алмир

0
By Биљана Секуловска on March 17, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 17, 2018 11:40

Малиот Алмир, четиригодишното дете е мртво по втор пат, откако еднаш веќе беше прегазено од Бобан Илиќ, пред скоро две години. Се случила банална расправија помеѓу таткото на Алмир, која прераснала во физичка пресметка, по што Илиќ во обид да побегне, со автомобил го прегазува детето. Тој деновиве доби преквалификација на делото- од убиство, во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Братот на Илиќ, по излегувањето на судот, според снимките и фотографиите на медиумите, покажа среден прст кон семејството на малиот Алмир.

И така, дојдовме до тоа што ни припаѓа на сите нас- тој среден прст е се што заслужува оваа држава, се што ние мораме да знаеме дека сме одбрале и го добиваме во обилни порции последнава деценија со груевизмот-малиот Алмир е потсетување, опомена и наш меч- неговата смрт стана симбол за нашата смрт, која е слоевита и раздробена низ сите пори на општеството, за да прекрие се што било гнило.

Ова е такво општество, во кое Алмир сега со средниот прст повторно згаснува пред нашите очи, и сега се раѓаат нови дебати, смртта на Алмир не е само ужасна трагедија, таа предизвикува и други емоции, чувства кај одреден дел во јавната сфера, тој факт дека детето е Албанче, а некои од нив велат дека Македонците не покажуваат ниту трошка тага, сочувство, емпатија.

Такви реакции се читаат на социјалните мрежи, каде сега гневот се зајакнува, се шири, кај некои Албанци, кои се скршени, но и погодени, навредени, разочарани, што по пресудата за малиот Алмир и средниот прст, македонскиот дел е нем, незаинтересиран, велат тие, игнорантски.

Следниот удар за Албанците се дебатите за Законот за јазиците, но тие целат на дебатите на Македонците, за кои велат дека горат во национализмот, во нетолеранцијата, во прикриената, и на моменти и нескриена нетрпеливост која се граничи и со нијанси на омраза.

Разгледајте ги добро тие дебати, албанските не се некакви победнички повици за славење, тие премногу воздржано се радуваат, во нивните сопствени честитки читате доза на горчина, усните не им се стиснати, повеќе личат дека ги прегризуваат, не за нешто да премолчат, но не сакаат да покажат дека навистина ги мачи нешто, некои отворено и покажуваат дека не им е лесно дури и кога дошло до некакво олеснување.

Но, она што можам да го прочитам е дека ги здоболува, за почеток, хуморот помешан со потсмевање дека Македонците сега ќе плаќаат казни ако учат албански, наспроти тврдењата дека законски камшик следува ако не се знае јазикот кој го говорат Албанците.

Никому веќе не му е до смеа, иако се се сведува на апсурдни вести, но никој веќе не ја знае границата на фактите и паранојата, на невината шега и пародијата: Македонците се преплашени дека некој ќе им ја одземе земјата со тоа што тој некој ќе говори на својот јазик, Македонците страдаат што веруваат дека ќе мора да говорат и тие албански јазик, Македонците најавуваат дека ова е почеток на федерализација, Македонците не сакаат да им го одземе некој сопствениот јазик, Македонците се плашат од се што не е македонско.

Особено од нешто што станало албанско, а тие многу добро знаат дека тоа само заслужува да биде нарекувано шиптарско- големите Македонци, патриоти, кои ги создаде груевизмот со стравот, национализмот, омразата и бесот кога слушате дека постојат и други освен вас.

Македонците веруваат дека правото на јазик им припаѓа само нив, дека тој ја обележува нивната територија, дека границите на јазикот се дотука, во земјава на Македонците, таа територија мора да биде оградена со бодликава жица, никој да не допре, секој друг да загине избоден од неа.

Тие се убедени дека оваа земја им припаѓа само нив, дека Албанците мора да се вратат во Албанија, тие веруваат дека дошле оттаму, дека никогаш не живееле заедно со нив, којзнае како и зошто, кога се случило тоа, но тие во се ова веруваат.

Овој Закон за јазиците е добро да биде вечно читан, препрочитуван, дебатиран и подложен на критики, оспорувања, несогласувања, макар бил вратен за преработка од Венецијанската комисија, или можеби би бил поддржан, но проблемот е сосема друг- Македонците кои бдеат над туѓото право, кои не го разбираат тоа право, кои го одземаат, нешто што е дадено со раѓањето, нешто што не умира без насилно да се сотре.

Она што е многу поважно е- да се сфати правото на Албанците, но и на сите што не се Македонци- право да се говори на својот сопствен јазик. Тогаш кога тоа право, тоа основно човеково право ќе се сфати, тогаш, само тогаш законите нема да може да бидат над тоа право, затоа што свеста за правото ќе ги пишува, само тогаш тој закон може да се поправа, гланца, подобрува, усовршува.

Тогаш Македонците нема да бидат преплашени, ниту пак Албанците ќе се плашат- многу полесно тогаш сите заедно ќе се справиме со средниот прст кој досега беше се што сами, едни на други  си понудуваме.

Фото: ТВ 21

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.