Претседателот на ВМРО ДПМНР Христијан Мицкоски најави дека од утре продолжува со посети по градови и села, каде, како што рече, ќе разговара со народот за решение на проблемите.
Мицкоски исто така рече дека подготвуваат програма на партијата, која ја нарече најдобра досега, со тим домашни и странски експерти.
-Се екипираме. Се приклучуваат многу нови луѓе на дневна основа. Многу брзо ги обзнануваме и ќе ги обзнаниме советите кој што ќе членуваат професори истакнати професионалци, академици. Ние работиме да му понудиме на народот алтернатива, рече Мицкоски.
Тој на денешната прес конференција ја критикуваше власта дека „залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани“ – не се решаваат потешкотиите, не се носат нови проекти, не се реализираат ветувањата, и со тоа како што рече имаме уназадување на стандардите во секое поле – политичко, економско, социјално.