Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба на пресудата на новинарката Ивона Талевска за затајување на данок, која доби условна казна затвор.
Според информации на НОВА, СЈО бара затворска казна за Талевска и да се зголеми сумата на пари што таа треба да ги врати. Жалбата е поднесена до Апелациониот суд кој треба да се произнесе дали ќе ја прифати жалбата, ќе ја отфрли или ќе го врати предметот на повторно одлучување.
Пред еден месец уредничката на ТВ Сител, Ивона Талевска беше осудена на условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото. Таа требаше да врати и сума од околу 60 илјади евра. Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци.
Ивона Талевска, во судот ја призна вината за даночно затајување.