Француските медиуми изутринава јавија дека поранешниот претседател Никола Саркози е во притво поради финансирањето на неговата кампања во 2007 година кога беше избран за престедател. Обвинителството има сомненија дека за оваа кампања Саркози користел пари од Либија.
Обвинителството отвори истрага во 2013 година и сега за прв пат Саркози ќе биде сослушан од полицијата. Притворот може да трае само 48 часа. Потоа истражниот судија треба да одлучи дали ќе биде обвинет.
Либиското финансирање на кампањата го откри францускиот сајт Медијапарт во 2012 година.
Во ноември 2016 година еден посредник тврдел дека пренел 5 милиони евра во кеш од Триполи до Париз во 2006 година и на почетокот на 2007 година. Тие пари му биле предадени на Клод Геан, кој беше генерален секретар на Елизејската палата зо време на владеењето на Саркози, а потоа парите му биле дадени и на Саркози кој тогаш беше министер за внатрешни работи.
Овие зборови тогаш ги потврди и поранешниот директор на военото разузнавање на режимот на Гадафи во Либија.




