НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана Декларација за известување за ЛГБТИ во медиумите

0
By Нова ТВ on March 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми денеска беше промовирана Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ во медиумите.

Декларацијата е иницијатива на Коалицијата Маргини заедно со Советот за етика во медиумите, Здружението на новинари на Македонија, и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми. Со промоцијата на оваа Декларација иницијаторите ги изразија заедничките заложби и напори да се спречи дискриминаторскиот и дерогирачки говор кон ЛГБТИ во медиумите, и да се поттикне заложба кај медиумите за промовирање на сексуалната и родовата различност, и заштитата на правата на ЛГБТИ.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми Зоран Трајчески ги нагласи досегашната соработка на Агенцијата со здруженијата на граѓани што ги застапуваат правата на ЛГБТИ, како и активностите на Агенцијата за мониторинг и спречување на дискриминаторскиот говор и говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Тој посочи дека Агенцијата спровела ново истражување во кое се мерат и анализираат и ставовите на медиумската публика кон теми поврзани со ЛГБТИ во медиумите.

Марина Тунева од Советот за етика во медиумите ја нагласи важноста од саморегулација во медиумите, како и нивната клучна улога во промоцијата и заштитата на правата на ЛГБТИ луѓето. Врз основа на досегашната пракса и разгледуваните претставки и иницијативи на Советот, Тунева ги посочи и главните карактеристики на медиумското известување за теми поврзани со ЛГБТИ.

Дениз Сулејмани од Здружението на новинари ги потсети медиумите на одредбите и вредностите кои ги промовира Кодексот на новинари на Македонија, и потсети на заложбите и предлозите на Здружението за вклучување на сексуалната ориентација како забранет основ за дискриминација во новиот Закон за медиуми.

Иницијаторите на Декларацијата ги повикаа уште еднаш сите медиуми кои до сега не ја потпишале Декларацијата, да го сторат истото, и со тоа да ги потврдат нивните заложби за, како и да испратат јасна порака до граѓаните дека ги осудуваат дискриминацијата и говорот на омраза кон ЛГБТ луѓето, и ја препознаваат својата улога во застапувањето и промоцијата на човековите права.

Оваа иницијатива е дел од Проект на УСАИД за инклузија на ЛГБТИ заедницата, реализиран во партнерство помеѓу Коалицијата Маргини, ЛГБТИ центарот за поддршка, и ЛГБТ Јунајтед Тетово.

АВМУ ЗНМ ЛГБТИ Маргини Совет за етика во медиумите УСАИД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.