Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на лицата со Дауновиот синдром

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 21, 2018 09:13

Со презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“ денеска во Кинотека на Македонија во Скопје ќе биде одбележан 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром. Организаторите информираат дека во рамки на одбележувањето ќе има и балетски перформанс.

– Изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа дека има многу луѓе со Даунов синдром во нашето општество, што се соочуваат со секојдневни предизвици. Тие заслужуваат да живеат живот без дискриминација врз основа на попреченоста, велат тие.

Додаваат и дека годинава глобалната кампања се фокусира на: #WhatIBringToMyCommunity со надеж дека овие настани ќе можат да објаснат како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот.

По поводо овогодишното одбележување на овој ден, снимено е видео на мајки кои со своите дечиња со Даунов синдром ја пејат „A Thousand Years“.

Инспирацијата за стилот на снимката доаѓа од популарниот сегмент „Carpool Karaoke“ од шоуто на Џејмс Корден во кој гостите пеат во автомобил.

Проектот „И јас можам да бидам балерина“ е имплементиран со помош на Европската Унија и UNICEF преку регионалниот проект финансиран од страна на Европската Унија, и кофинансиран од UNICEF „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.

В недела во 11 часот во Градски парк во Скопје ќе се одржи третата по ред хуманитарната трка за децата со Даунов синдром.

Трката која ќе го носи името „И ние го можеме истото како и сите!“ е во организација на Мечувалечки клуб Ескрим и ќе започне во Градскиот парк во Скопје.

„Трката е отворена за сите наши хумани граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства. Со овој настан сакаме да ја подигнеме свеста за овие прекрасни личности, да ги поттикнеме и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучиме во спортот и да им обезбедиме еднаков пристап до него како и за редовните деца“, се вели во описот за хуманитарниот настан.

Дауновов синдром Светски ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.