Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска полиција: Кривична за Паско Кузман за градбите на Плаошник

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 22, 2018 11:42

Против П.К., поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО за гоненење организиран криминал и корупција поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластувње“ (од член 353 ст.5в.в. ст.3 и 1 од КЗ на РМ) и против лицето Ш.Ц. од Хрватска во својство на одговорно лице во „Конструктор Инженеринг“ АД Сплит – Подружница во Република Македонија, Тетово, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувње (од член 353 ст.5 в.в. ст.3 и 1, в.в. чл.24 од КЗ на РМ).

Како што информираат од Управата за финансиска полиција, првопријавенииот во име и за сметка на Управата за заштита на културно наследство во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил Договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, со изведувачот Конструкторт Инженеринг АД Сплит, за што е обезбедена банкарска гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.

Второпријавениот, во својство на одговорно лице во Конструктор Инженеринг АД Сплит, Подружница во Република Македонија Тетово, на ден 20 декември 2010 година до Управата за заштита на културно наследство, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил времена ситуација и градежна книга со невистинита содржина во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи, во вкупен износ од 19.614.482.40 денари со вклучен ДДВ.

И покрај тоа што првопријавениот П.К. бил должен да знае дека изведувачот Конструктор Инженеринг АД Сплит не ги извршил работите наведени во времената ситуација, не започнал со изведување на градежни работи на објектот, ниту било обезбедено одобрение за градба и не бил воведен во работата, на законските прописи одобрил и исплатил 19.614.482,00 со што му овозможил противправна имотна корист на второпријавениот Ш.Ц. и Конструктор Инженеринг АД Сплит.

Исто така пријавениот П.К., согласно законските прописи и договорот, бил должен да обезбеди банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите, а од причина што „Конструктор инженеринг“ не ја доставил истата првопријавенит П.К., иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја активирал обезбедената банкарска гаранција за понудата во висина од 240.000 евра (14.760.000 денари) за кој износ е оштетена Управата за заштита на културно наследство и Буџетот на РМ.

Управата за заштита на културно наследство го рскинала договорот со „Конструктор инженеринг“ и во текот на 2012 година по претходно  спроведена постапка за јавна набавка склучила нов Договор за изведба на градежни и градежно занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид со изведувачот – Друштвото Митан Пром од Охрид.

Според Управата за финансиска полиција, со горенаведените дејствија првопријавениот П.К., помогнат од второпријавениот Ш.Ц., ја злоупотребил својата службена положа и овластување како директор на Управата за заштита на културно наследство со што му овозможил противправна имотна корист на второпријавениот Ш.Ц и „Конструктор Инженеринг“ АД Сплит за платената лажна времена ситуација во износ од 19.614.482 денари и износ од 14.760.000 денари на име на банкарска гаранција на понуда која првопријавениот пропуштил да ја активира односно на ваков начин го оштетил Буџетот на РМ во вкупен износ од 34.374.482 денари

Паско Кузман Плаошник Управа за културно наследство финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.