НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темелковски за НОВА: Стопирана е изградбата на објектот во Пржино

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирмата „Хантерс“ ДООЕЛ Скопје се обврзала да ја асфалтира горната и долната улица „Пандо Кљашев“ која рано утрово потона во огромна дупка откако се урна потпорниот ѕид поради движењето на механизацијата на градежната фирма.

Во меѓувреме инспекциските служби на Општина Кисела Вода ги утврдуваат недостатоците околу безбедносните мерки што инвеститорот требало да ги направи. Градежните работи во моментов се стопирани, а на инвеститорот му е наложено прво да ја санира штетата, па патоа да почне со изведување на градежните работи.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во изјава за НОВА вели дека дозволата за градба била издадена овој месец, кога и започнале градежните работи. Меѓутоа на таблата за инвеститорот поставена на самото место стои дека одобрението за градба било издадено на 26 јануари, со правосилна важност од 5 февруари.

Темелковски тврди дека фирмата „Хантерс“ ги имала сите потребни дозволи и документи за градба од другите надлежни институции.

-Во моментов нема загрозени објекти, доколку се санира целата работа на време сметам дека нема ниту еден од објектите да бидат оштетени. Има оштетување мало на патот поради тежината на механизацијата  која што се движела таму и тоа ќе му биде доставено на инвеститорот за да си ја врати во првобитна состојба улицата. Градежните работи се почнати овој месец, а дозволата, односно одобрението за градба е издадена во трети месец поточно овој месец со тоа што се уште нема издадено одобрение за сите објекти, таму треба да бидат три објекти според Деталниот урбанистички план. Од нашите инспекциски служби му беше доставено на инвеститорот што треба да отстрани, дел од работите биле отстранети. Ние дадовме опомена бидејќи се заложивме да нема веднаш пишување на казни. Инспекциските и правната служба ги проверуваат сите законски мерки што треба да се преземат и да се укаже на недостатоците при изведбата-вели градоначалникот Темелковски.

Тој вели дека Општината ќе бара од Министерството за внатрешни работи да се ограничи тежината на возилата кои што поминуваат оттаму за да не настане дополнителна штета и на другите објекти кои се таму.

НОВА утрово беше на самото место во Пржино. Жители ни изјавија дека уште во вторникот го блокирале патот за механизација и апелирале до полицијата и до инспекцијата на Општината да преземат мерки бидејќи потпорниот ѕид  не може да издржи.

-Залудни беа нашите апели до полицијата и инспекцијата во Општината. Им рековме дека потпорниот ѕид не може да го издржи ова и дека ќе падне, а инспекторите ни се смееја. Ова е срамота.  Не се трпи мафијата И еве што се случи од ветувањата на локалните избори дека ќе се спечат вакви градби-вели еден од жителите на улицата „Пандо Кљашев“.

градежни работи потпорен ѕид Пржино урнат Филип Темелковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.