Македонија сега има на располагање 620 милиони евра од европските фондови, а до сега искаористила само 30 проценти.
Како што објавува Ал Џезира, Македонија за седум години искористила само 190 милиони евра од европските претпристапни фондови, а имала на располагање три пати повеќе.
Владата најавува дека во иднина ќе ја зголеми искористеноста на средствата, додека од Делегацијата на Европската унија во Скопје велат дека планот ќе исполни ако државата осигура максимална посветеност на планот на евроинтеграциите.
Службениците на општина Струмица забрзано ги подготвуваат документите за проектите. Имаа само уште неколку дена до аплицирање за пари од европските фондови за претпристапна помош.
Договориле прекугранична соработка, пет заеднички проекти со три општини во соседна Грција. Заеднички интерес им е да добијат пари од IPA фондовите.
Ѓоко Ристовски од Општина Струмица вели: „Програмата за користење на европските средства е од голема помош. За успешност е важна политичка воља и разбирање. Потребно е да се има квалитетна идеја, партнери со кои делите исти интереси и, на крајот, важно е да се подготви квалитетна апликација.“
Струмица до сега искористила околу три милиони евра европски пари. Општинските власти ги обновија училиштата. Изградија пат, и ги истражија бедемите на средновековниот град Цареви кули. Но, ова е само мал дел од неповратната помош која земјата може да ја добие.
Според Ал Џезира, Македонија сега има на располагање 620 милиони евра од IPA фондови. До сега искористила само 30 проценти, а крајните рокови се до крајот на 2017 година, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими вели дека Владата се ободува да понуди државни проекти со предвиден поголем буџет од ЕУ фондовите.
„Не велиме дека состојбата е идеална, или дека сме најдобри во оваа област. Меѓутоа, има многу потенцијал во административната структура за користење на IPA фондовите во која досега беше инвестирано. Со подобра координација можеме да ја зголемиме искористеноста на фондовите“, рече Бесими.
Невладините здуженија велат дека Владата најмногу пари троши на администрацијата, додека другите области се запоставени.
Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, за Ал Џезира тврди: „Парите се трошат без врска. Ако направите подлабока анализа на проектите на државната администрација, ќе видите дека се работи за студенски посети. На пример, Одделението за соработка со невладиниот сектор нон-стоп е во такви посети затоа што така е лесно да се потрошат средствата. Парите не се вложуваат во реални, суштински реформи и затоа сме тука каде што сме.“
Делегацијата на ЕУ оценува дека е постигнат напредок, но дека најголемиот дел од работата треба да се сработи во иднина. Разултатите се поспори во реформата на јавното финансирање и заштитата на животната средина.
„Покрај обезбедување на широк консензус меѓу политичките фактори, важно е да се информира и да се вклучи јавноста во споведувањето на ЕУ реформата. Тоа ќе го зголеми чувството на припадност и транспарентност што на крај ќе резултира со најдобар квалитет на IPA проектите.“
Од Делегацијата на ЕУ сметаат дека Македонија ќе осигура полна искористеност на IPA фондовите ако осигура максимална посветеност во процесот на европската интеграција.