НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нервниот агенс може трајно да ги оштетил умствените способности на Сергеј и Јулија Скрипал

1
By Нова ТВ on March 22, 2018 СВЕТ
Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија Фото: СкајЊуз
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нападот со невротоксична материја врз поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија може да нанел тешки повреди на нивните  умствени способности и не е јасно дали тие ќе можат да се обноват, изјави британски судија.

Лондонски суд денеска дозволи да се земат примероци од крвта на поранешниот шпион и неговата ќерка, за да бидат испитани од страна на експерти за хемиско оружје и да се потврди заклучокот на британската лабораторија за воени истражувања Портон Даун.

Образложувајќи ја својата одлука, судијата Дејвид Вилијамс рече дека според неименуван советник, кој ги лекува таткото и ќерката, Сергеј и Јулија Скрипал се под силни седативи, некомуникативни се и невозможно е да се каже кога и до кој степен тие можат да ги обноват своите ментални способности.

Двајцата се во стабилна физичка состојба и се лекувани врз основа на претпоставката дека би сакале да останат живи, рекол консултантот според судијата од Лондонскиот суд за заштита, кој донесува одлуки за состојбата на луѓето кои не се во можност тоа да го прават сами.

Според неименуван аналитичар од Портон Даун, примероците крв земени од Сергеј и Јулија Скрипал покажале дека биле изложени на невротоксичен реагенс. Примероците покажале присуство на невротоксична материја од типот на „Новичок“ или многу близок до него реагенс, стои во судиската одлука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.