Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе биде дел од акцијата „Час на планетата Земја“

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 23, 2018 13:37

Над 80 локации во Македонија утре ќе бидат во мрак и ќе се приклучат кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.

Во 20:30 часот по локално време, во период од еден час, во мрак ќе бидат плоштадот Македонија со споменици, Порта Македонија, улицата Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар,  Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, Колонада, Јавното обвинителство, Министерството за надворешни работи, плоштадот Мајка Тереза и Филип Втори, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста.

Во акцијата ќе се приклучат и скопските општини Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар, како и трговските центри „Капитол“ и „Скопје сити мол“.

Во Охрид во мрак ќе потонат црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини, а ќе се исклучат и голем број локации во Струмица, Крушево, Битола, Ресен, Ранковце, Демир Хисар, Берово, Крива Паланка, Гостивар…

Централниот настан ќе биде на плоштадот Македонија каде волонтери на Црвениот крст со петстотини свеќи ќе го испишат логото на акцијата 60+.

Со поддршка на ЕВН Македонија, во мрак ќе се одржи и акустичен концерт на македонската пејачка Теа Трајковска, а присутните ќе добијат флуоросцентна алка и флуоросцентен цртеж за лицето и да се приклучат кон одбележувањето на Часот на планетата Земја.

– Додека глобалната биолошка разновидност се намалува со невидена стапка, Часот на планетата Земја оваа година ќе ги фокусира своите напори да поттикне поддршка за акција за биодиверзитетот и природата под мотото „Поврзи се со планетата“, односно „Connect2Earth“, истакна денеска на прес-конференција Ѓорги Селков од Канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.

Македонија годинава по девети пат се приклучува во акцијата „Час на планетата Земја“. Во период од еден час во мрак ќе потонат над 180 земји и 7000 града ширум светот.

Македонија Час на планетата земја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.