Published: Friday, March 23, 2018 22:26
Досегашниот потпретседател на Перу Мартин Вискара положи заклетва како претседател на земјата по оставката на Педро Пабло Кучински.
– Ќе ги вложам сите напори во борбата против корупцијата. Транспарентноста ќе биде столб на мојот мандат, вети 55-годишниот инженер, кој не е поврзан со традиционалните политички партии во земјата.
Во средата, 79-годишниот поранешен банкар од Волстрит Педро Пабло Кучински поднесе оставка непосредно пред пратениците да гласаат за негов импичмент поради неговите врски со бразилската градежна компанија „Одебрехт“, која плаќала поткуп на високи политичари во неколку латиноамерикански држави.




